ВМРО-ДПМНЕ: На СДСМ не им се важни граѓаните и државата, туку џебот и бизнисите на поединци

 

На СДСМ не им се важни граѓаните и државата, туку џебот и бизнисите на поединци, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на соопштението на СДСМ во кое тие велат дека таа партија се плаши од избори.

-СДСМ подготвуваше поткуп на избори со народни пари и го зголеми буџетскиот дефицит за 120 милиони евра од почетокот на годината до март. Сега гледаме како планираниот поткуп го делат како наводна хуманитарна помош. Само за три месеци. Секое семејство е задолжено за нови 15.000 денари. Лошото водење на државата и економијата ќе резултира со 1.3 милијарди евра буџетска дупка до крајот на годината. Додека државата тоне, се стимулира отпуштање на работници, се вртат милионски тендери, Македонија е оставена сама на себе, се вели во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.05.2020 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега