Автомобил удрил во млада девојка- итно пренесена во битолската болница

 

Вчера во Битола автомобил удрил во 20- годишна девојка, по што била пренесена во болница.

„На 29.04.2020 во 19.00 часот било пријавено дека во Битола на ул.„Довлеџик“, патничко возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки,  управувано од С.С.(41) од Битола, удрило во пешакот А.Ф.(20) од Битола.“ соопшти полицијата.

Во незгодата А.Ф. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.04.2020 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега