Николовски: Сѐ уште е рано за избори и за лидерска средба

 

Сѐ уште е рано за избори и за лидерска средба, на прво место за СДСМ е здравјето на граѓаните, изјави генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски одговарајќи на новинарски прашања.

„Ние сме фокусирани на поддршка на институциите во борбата против коронавирусот. Мерките за справување со коронавирусот даваат резултат и тоа е добро, но, се додека не се воспостави целосна контрола над коронавирусот во рамки на здравствениот сектор се уште е рано да разговараме за избори и за лидерска средба“, одговори генералниот секретар Николовски.

Генералниот секретар апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.04.2020 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега