Кога ќе падне првиот снег во Скопје?

Температури над 20 степени и сончеви денови кои ни од далеку не навестуваат дека треба да дојде зима. Вакви се моенталните временски прилики во Македонија. Метеоролизте велат дека температурите се за 2 до 3 степени над просекот од минатите години. 
Долгорочните временски прогнози кои ги објавуваат највлијателните интернет страници специјализирани за оваа намена, велат дека таквото време ќе се задржи до крајот на окотомври. За оние кои сакаат снег, разчоарување е дека бела покривка, во главниот град па и во повеќето градови низ Македонија нема да има ниту во ноември. 
Прогнозите велат дека на првиот снег ќе може да му се радуваме во периодот меѓу 3 и 4 ти декември, што сепак е пред календарскиот старт на зимата. 
Се уште не се готови претпоставките за временските прилики до крајот на годинава, па оттука, нема информација, дали снегот ќе ја дополни атмосферата за новогодишните празници.

21.10.2013 - 23:19

најчитано сега