Битолското обвинителство предложи парични казни од 2.000 евра за две лица кои не го почитувале полицискиот час

Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите не ги почитувале мерките со кои се определува забрана за движење на населението на територијата на Република Северна Македонија во одреден временски период, па на 21 април и на 23 април, се движеле пеш низ градот за време додека во сила бил полицискиот час.

За стореното, обвинителството на надлежниот суд му предложи на двајцата обвинети да им изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска проиввредност.​​

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.04.2020 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа