Тешка несреќа во Велес: Воз удри во автомобил

 

Малолетник се здобил со тешки телесни повреди откако товарен воз удрил во автомобилот со кој тој управувал.

-Вчера во околу 06:40 часот на патниот премин кој се наоѓа кај влезот на Фабриката за порцелан во Велес, товарниот воз кој сообраќа на линијата Велес – Прилеп удрил во патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од 16-годишниот А.Џ. од село Согле, општина Чашка.  Возачот на возилото со тешки телесни повреди е пренесен во болницата во Велес. Извршен е увид на местото на настанот - информира МВР. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.04.2020 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа