„Мајка ми ме разбуди и ми ја кажа страшната вест“ После 40 години Саша Поповиќ проговори за семејната трагедија

 

Директорот на  „Гранд“, Саша Поповиќ за прв по 40 години проговори за најтешкиот период во својот живот.

Имено за српски медиум тој се присетил кога се соочил со голем губиток во својот живот, а имал 24 години.

- Имав 24 години кога татко ми загина во сообраќајна несреќа на автопат, на неговиот автомобил налетал „Мерцедес“ со регистерски таблички од Загреб. Кога мајка ми ме разбуди и ми кажа што се случило бев запрепастен. После голема борба за живот, почина во болница. Ни ден денеска не знам дали возачот кој го уби е во затвор- рекол Саша.

-Да изгубиш родител е многу тешко искуство. Додека беше жив се нервирав за сѐ што ми велеше, но после неговата смрт кога требаше да донесам важна одлука, размислував како би постапил тој во таква ситуација- објаснил Поповиќ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2020 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега