Се обидел да подмити полицаец - апсење на ГП Блато
Вчера во 09.15 часот на Граничен премин Блато, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато при Регионалниот центар за гранични работи Запад го лишија од слобода Д.А.(30) од Република Албанија.
На граничниот премин, за влез во државата, тој допатувал со патничко возило „фолксваген шаран“ со албански национални ознаки, во кое превезувал уште четири албански државјани, при што во личните и сообраќајните документи ставил пари, кои биле пронајдени од полицискиот службеник кој вршел гранична контрола.
По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа