Како да ги перете фармерките за да траат подолго?

 

Купувањето на фармерки кои убаво ќе ви стојат е поеднакво тешко како и кога треба да ги фрлите старите.

Ако внимавате како ги перете, фармерките можат да потраат многу подолго. Некои тврдат дека воопшто не треба да се перат, но ако тоа ви е незамисливо, примените го советот на сопствениците на брендот „DL1961“ Захра Ахмет, која доби прекар „кралица на фармерките“.

Таа тврди дека ако сакате да го продолжите векот на омилените фармерки, при перење треба да следите три важни чекори.

-Кога станува збор за парче од џинс, секогаш е важно да водите сметка за упатството од етикетата, но овие правила се универзални, перете ги рачно во ладна вода за да ја сочувате ткаенината, свртете ги од внатрешна страна за да спречите белеење на бојата и избегнувајте да ги сушите во сушаара, бидејќи топлината ќе ги скрати, вели Захра и дадава дека перењето во машина е прифатливо единствено кога сакате да исчистите дамки, но на најбрза програма и на температура не повисока од 40 степени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.04.2020 - 22:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега