Поважно е како се чувствуваат отколку платата - Форум на добри компании 2025

 

Во Скопје денеска ќе се одржи Форумот на добри компании 2025, на кој треба да бидат истакнати клучните предизвици и решенија поврзани со современата работна култура, информираат организаторите.

Посочуваат дека првпат во историјата, на вработените им е најважно како се чувствуваат на работа и ова искуство го ставаат пред висината на платата.

- Имајќи го предвид ова, како и фактот дека дури 55 проценти од вработените би си заминале од работа доколку не се чувствуваат како дел од тимот, 58 проценти од компаниите сакаат да ја подобрат својата работна култура, но, не знаат како (Randstad Work Monitor), велат организаторите на настанот.

Форумот ќе го отворат Дејвид Оберхубер, директор на ГИЗ Северна Македонија, а најавено е и обраќање на заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески и на Климентина Илијевски, извршна директорка на „Паблик“. 

08.05.2025 - 08:58

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега