Тарнер: Македонија и Црна Гора да ги наградиме со членство во НАТО

 

Американскиот републикански конгресмен од Охајо Мајкл Тарнер повика за прием на Македонија и Црна Гора во НАТО.

- Длабоко сум разочаран поради недостигот на дискусија за проширување на НАТО на самитот во Чикаго. Црна Гора и Македонија имаат неверојатен напредок и треба да бидат охрабрени да продолжат да земаат проактивни чекори. Членството во НАТО ја подобрува регионалната сигурност и дипломатските односи и е чекор напред кон членство во Европската унија. Но, оваа администрација не успеа да го промовира проширувањето на НАТО и прави малку за да ги охрабри нашите транс-атлански партнери. Се плашам дека ова запоставување доаѓа во клучно време за многу држави аспирантки, особено на Балканот, кои направија сериозни чекори за да им се приклучат на своите демократски партнери. Ние треба да го промовираме проширувањето на НАТО и да ги наградиме Македонија и Црна Гора, со што ќе ги охрабриме и аспирантите во Босна и Херцеговина, Косово и Србија, изјави Тарнер, кој е член на македонската група во Конгресот на САД.

Тарнер зборуваше на вчерашната седница на Хелсиншката комисија на САД, посветена на состојбата во Албанија во пресрет на изборите

најчитано сега