Студија спроведена во Виена ќе постави основа за развивање вакцина: Доколку сте го прележале коронавирусот не значи дека сте имуни
Универзитетот во Виена моментно спроведува студија за анализа на имунолошкиот одговор кај луѓето по инфекција со коронавирус. Резултатите треба да помогнат да се разбере имунолошкиот одговор и да се постави основа за вакцината, а во студијата улчествуваат луѓе кои се справиле со Ковид 19.
„Студијата треба да ни помогне да разбереме дали и кој развива имунитет по инфекцијата. Наодите на студијата се дизајнирани да ги постават темелите за развој на вакцини “, рече Рудолф Валента од Центарот за патофизиологија, зарази и имунологија на Медицинскиот универзитет во Виена.
„Мораме да сметаме на фактот дека вирусот сега е сличен на грипот и може да дојде до ново заразување“, објаснува Валента.
Истражувачите од Центарот за патофизиологија, зарази и имунологија исто така развиваат тест кој ќе им овозможи да истражат дали антителата можат да инхибираат прицврстувањето на вирусот на клетките домаќини, а се планира истражување за клеточниот имунолошки одговор.
„Анализата ќе биде многу сложена и нема да можеме веднаш да им кажеме на испитаниците дали се имуни или не. Се надеваме дека пред следната сезона на коронавирусот, од која се плашиме, генерално ќе можеме да кажеме дали и колку имаат развиен имунитет по болеста “, вели Валента.
Модел за откривање на антитела кај пациенти кои ја попречуваат интеракција на вируси и рецептори, покажува кои делови од вирусот треба да бидат вклучени во вакцината, пренесува босанскиот портал Кликс.
„Од алергија и имунотерапија научивме дека од одговорот на антителата може да се произведе со вакцинација“, објаснува Валента.
Во повеќе од 100 истражувачки проекти релевантни за Xvid 19, вработените во Медицинскиот универзитет во Виена работат на решенија кои би придонеле за контрола на пандемијата: од симулации, анализа на податоци, епидемиолошки студии, основни биомедицински истражувања, генетика и медицинска технологија, па сè до клинички студии и резултати.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа