Дел од Скопје утре без струја

 

Дел од жителите на Средно Водно, Горно Нерези, Горни Крушопек, Кучевиште, Копаница и на улицата „Гарсија Лорка“ утре од 9 до 15 часот ќе бидат без електрична енергија.

Во периодот од 8 до 9 часот без струја ќе бидат корисниците во Гази Баба – Јеловица, Виделго и Макошпед.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се заради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдување со електрична енергија на корисниците во тие региони. 

21.10.2013 - 14:17
Фото: 
Региони.мк

најчитано сега