Поскапел животот во Македонија

Трошоците на живот мерени преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во април годинава во однос на претходниот месец бележат пораст за 1,3 отсто, а во однос на април лани пораст од 3,3 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во април 2013, во однос на март 2013, пораст на индексите е забележан во групите Храна и безалкохолни пијалаци за 3,1 отсто, Алкохолни пијалаци, тутун за 2,5 отсто, Комуникации за 1,9 отсто, Рекреација и култура за 0,6 оттсо и Здравје за 0,2 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано во групите Транспорт за 1 отсто, Облека и обувки и Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,1 отсто.

На ниво од претходниот месец останаа индексите на групите Мебел, покуќнина и одржување на покуќнина, Образование, Ресторани и хотели и Останати стоки и услуги

најчитано сега