ВМРО-ДПМНЕ: Потребни се итни мерки за спас на здравството и на економијата

 

Состојбата со корона вирусот ескалира. Се зголемува бројот на починати и заразени, а власта ја теши јавноста дека ова не е најлошото туку пикот наскоро ќе дојде, велат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата нагласуваат дека наместо Владата соодветно да се справува со ситуацијата, граѓаните се сведоци на задоцнети мерки. Нема ниту масовно тестирање, ниту соодветна заштита на медицинскиот персонал, ниту соодветна грижа за загрозените категории граѓани, а економијата е целосно запоставена.

„Од првиот ден кога се појави заразата во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ предлага конкретни мерки и чекори со кои што треба да се спречи нејзиното натамошно ширење и потешки последици врз економијата и стопанството, но за суетата на малкумина ќе плаќаат илјадници македонски граѓани.

Она што најмногу загрижува е анализата на меѓународната организација ФМ Глобал според чија проценка, Македонија ќе биде една од последните држави која ќе закрепне од пандемијата. Од анализирани 130 земји, Македонија е на дното односно на катастрофалната 100-тата позиција. Од регионот пред нас се држави како Хрватска на 37 место, Србија на 63-то место, Босна и Херцеговина на 70-то место.

Ова е потврда за сето она на кое што ВМРО-ДПМНЕ предупредува со недели. Неспособноста, расипништвото и суетата на власта скапо ќе ја чинат Република Македонија.

Додека Владата на СДСМ и „порптаролот“ на министерството за здравство Венко Филипче се фалат со своите успеси упатувајќи ги граѓаните да се лекуваат дома од опасниот корона вирус, пациентите умираат на пат кон болница. Потребни се итни мерки за спас на здравствениот систем од колапс, за спас на економијата за спас на Република Македонија. Македонија повеќе нема време за чекање“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 08:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега