ВИДЕО: Роботи дипломираа наместо студенти

Училиштата се затворени, што значи дека студентите ќе мора да го пропуштат еден од најважните настани во својот живот – дипломирањето.

Меѓутоа, љубовта на Јапонците кон роботите конечно се исплатеше.

На еден универзитет во Токио, студени користеа роботи за виртуелно да можат да бидат присутни на свеченоста за доделување дипломи.

Роботите имаа студентски капи и облека, а дури имаа и таблети на кои беа лицата на студентите кои добија дипломи.

Сепак, ова не е првпат церемонијата за доделување на дипломи во Јапонија да се одржи виртуелно поради пандемијата од коронавирусот. Еден универзитет одлучи оваа свеченост да ја одржи во играта Мајнкрафт, каде студентите се појавија како аватари.

09.04.2020 - 19:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа