Јорданов: Отворена директна линија „Вашите проблеми, заеднички до решенија: Затоа што ја сакам Македонија”
Нема сектор во Македонија за кој што не може да кажеме дека не е најдиректно изложен на штетните последици од епидемијата. Пред се здравствениот сектор, безбедносниот, економијата. Епидемијата ги стави на тест сите, изјави денеска членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов.
Јорданов посочи дека државата е таа која што мора да одговори на предизвиците, за да ги заштити граѓаните, за да ја исполни својата цел на постоење.
-Граѓаните пак мора да бидат главната потпора на државата, за таа успешно да се справи со предизвиците. Борбата со епидемијата е момент кој што мора да ја зајакне таа врска. Во овие моменти модра да се надмине суетата, мора да се надминат разликите. Во овие моменти мора да се покаже сплотеност. Граѓаните сега мора да бидат слушнати. Тие бараат и очекуваат силни институции и систем. Сега мора да се помогне на безидејната власт. ВМРО-ДПМНЕ е партија која почива на народот и која што го слуша народот. Затоа, отворивме директна линија „Вашите проблеми, заеднички до решенија: Затоа што ја сакам Македонија” за вас. Вашите писма веќе се разгледуваат од комисиите и од нив се создаваат предлозите кои ќе и ги предочиме на власта. Дајте ни ги вашите предлози, решенија, размислете како полесно заедно да го пребродиме ова време и од него да излеземе посилни. Затоа што ја сакаме Македонија, изјави Јорданов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа