ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ не знае и не умее да се справи со корона вирусот

 

Владата на СДСМ не знае и не умее да се справи со корона вирусот, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Поради несоодветните мерки над 160 000 работници останаа овој месец без работа.

На СДСМ не им е гајле што 15 илјади работници од секторот туризам и угостителство се отпуштени.

Манчевски прави кампања, а административците не знаат дали следниот месец владата ќе им исплати плата или не. Министерката за финансии, Нина Ангеловска смета дека платите на администрацијата треба да бидат намалени.

Ова само докажува дека владата на СДСМ гледа во секој сегмент колку може повеќе да ги осиромаши граѓаните.

Граѓаните очекуваат јасни, конкретни мерки и мерки кои ќе бидат за нивно добро“, се вели во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2020 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега