Скопјанец наместо во самоизолација одел во маркет - ОЈО бара казна од 2.500 евра

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за парична казна за лице од Скопје кое наместо да седи во 14 дневна самоизлоација, излегувал од дома и одел во маркет.

Како што се наведува во соопштението од ОЈО, скопјанецот на 17 март, при влез на граничниот премин Табановце потпишал изјава дека ќе се самоизолира во период од 14 дена, бидејќи претходно престојувал во Словенија како ризична земја за ширење на ковид-19. Но, наместо тоа на 25 март излегол од својот дом и бил во маркет.

Јавниот обвинител бара од Судот парична казна за обвинетиот од 2 500 евра поради прекршување на член 206 од КЗ за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

За истото кривично дело ОЈО Скопје поднесе и барање за поведување подготвителна постапка за двајца малолетници, на возраст од 15 и 14 години, кои на 30 март, биле затекнати како се движат во близина на Железничката станица во Скопје за време на полицискиот час.​

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега