Мицкоски: Сé што ќе предложиме Владата одбива, не се работи тука за политика туку за суета

Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше на емисија „Само интервју“ каде што појасни дека Владата сé  што преложи ВМРО-ДПМНЕ како мерка одбива. Вели тоа веќе не е политика, тука веќе се работи за суета.

-Секој предлог кој што ќе го даде ВМРО-ДПМНЕ за нив е предлог  непријател. И покрај тоа што они сакаат во јавноста себеси да се портретираат како државен елемент, над ситуација итн. Фрустрацијата и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ е толку голема со што и да кажеме ние од ВМРО-ДПМНЕ за нив е неприфатливо, нагласи Мицкоски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ даде доста разумни предлози кои што веднаш ќе требаше да му помогнат на реалниот сектор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2020 - 19:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега