Еден татко има одличен трик- Како да ги натерате децата да си ги мијат рачињата
Граѓаните треба да се грижат за хигиената и редовно да ги мијат рацете за време на коронавирусот, што е најтешко за децата.
Сепак, родителите наидоа на неколку начини да го направат поинтересно миењето на рацете на своите деца, со еден ваков статус што сега кружи на Фејсбук.
Во статусот се вели дека еден татко прави иста работа секое утро за да може детето да го мие рацете правилно.
-Еден татко секое утро на својот син му црта вирус на рачето и ако малото денес ги мие доволно рацете, вечер нема вирус. Тоа е толку едноставно, пишува во статусот.
02.04.2020 - 17:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа