Десет струмичани казнети од судот по три илјади евра за непочитување на забраната за движење

Основниот суд во Струмица изрече казни од по три илјади евра во денарска противвредност на десет граѓани кои не ја почитувале забраната за движење, информираше Мариета Дукиќ, портпарол на струмичкиот суд.

-ОЈО Струмица поднесе вкупно 14 обвиненија, од кои еден обвинителен предлог и 13 предлози за издавање на казнен налог за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од 1 Казнениот закон. Судот прифати и издаде десет казнени налози со казни од по три илјади евра, во денарска противвредност од по 184.500 денари за секој обвинет, рече Дукиќ

Додаде дека за останатите казнени налози и обвинителниот предлог се уште не одлучено.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2020 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега