Се уште е непозната причината за смртта на битолчанецот кој вчера беше пронајден мртов

Се уште не се знае која е причината за смртта на битолчанецот кој вчера беше пронајден мртов во својот дом на улицата „Димче Лахчански“, објави Телма. Неофицијално сега починатиот маж на возраст од шеесетина години бил во двонеделна самоизолација откако неодмна се вратил од странство.

Тој живеел сам, па поради тоа што не одговарал на повиците на соседите, тие повикале полиција, дознава Телма.  Повикани биле и битолксите пожарникари но одбиле да влезат во станот  на починатиот затоа што немале соодветна опрема. Откако вратата била обиена, соседите раскажуваат дека медицински тим облечен во скафандери заедно со полицијата влегле во станот.

-Слушнавме дека умрел некој, ние сме подлаеку, не знаеме. Видовме дека излегуваат влегуваат луѓе. Видовме луѓе во бело облечени и полција, а потоа го извадија починатиот, рече една сосетка.

Неофицијално од починатиот земен е брис, за да се утврди причината за смртта.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2020 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега