Металург ќе си ги одмери силите со Динамо Минск

Во 4.коло на ракометната Лига на шампиони Металург попладнево ќе го  пречека составот на Динамо Минск.

Откако вчера шампионите на Македонија во машка и женска конкуренција, екипите на Вардар славеа победи против Вакер Тун и Подравка, денеска на ред е вице првакот Металург, кој ќе се обиде да ја оствари третата своја победа во Лигата на шампионите.

Натпреварот  Металург - Динамо Минск, ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски’’ во Скопје, а ќе започне во 18 часот.

 Според табелата Барселона има 5 бодови, Динамо Минск 4, Металург 4, Вардар 4, со 1 натпревар повеќе, а  П.С.Ж. 3, и Вакер Тун 0 (+1).

20.10.2013 - 15:25
Фото: 
А1.он

најчитано сега