Мицкоски: Се уште сме на почеток со спроведување на мерките за коронавирусот
Во услови кога има официјална политика која се движи со огронмни осцилации мора да одговорите и соодветно на тоа. Оттукка ВМРО-ДПМНЕ предлагаше прво кризна состојба за што добивме одговор дека нема ресурси во државата, и потоа рековме ако нема за тоа тогаш да се прогласи вонредна за да се справиме подобро со пандемијата, да ја превенираме ситуацијата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата Трилинг на Телевизија 24.
-ВМРО-ДПМНЕ прво предлагаше кризна состојба што на ниво на безбедност и ограничување на движењето на граѓаните е на многу повиоско ниво. Ќе ве потсетам дека на Совет за безбедност претседателот на државата рече не е потребна ни вонредна, а ни кризна состојба. Другиот ден имавме состанок кај Пендаровски и ние предложивме воведување кризна состојба за да ги затвориме граничните премини, за да има контрола во градовите каде ќе има повеќе носители на корона вирусот со цел да го ограничиме нејзино ширење, тогаш добив одговор дека кризна состојба не може да спроведе зошто нема ресурси, објасни Мицкоски.
Тој укажа дека потоа рекол „ако нема услови за кризна тогаш да се прогласи вонредна“.
-Реков ако нема ресурси за кризна состојба да спроведеме вонредна зошто работата ќе ескалира. Сето ова што денес се случува за превенција на корона вирусот и за економските мерки јас го говорев одамна. Ако некој во оваа држава беше свесен за тоа што го зборував, денес немаше да ја има оваа состојба во која сме, а ќе кажам и дека за жал сеуште сме на почеток кога станува збор за спроведување на мерки, рече Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа