Тешка сообраќајка на патот Радовиш – Струмица: Две лица повредени

 

Две лица биле повредени во сообраќајка во радовишко.

Според пријавеното, вчера во 09.50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш – Струмица, пред надвозникот за село Јаргулица, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фиат браво“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од Љ.Ѓ.(47) од с.Ињево, радовишко, и товарно возило „фиат дукато“, со светиниколски регистарски ознаки, управувано од С.А.(23) од Свети Николе.

Во незгодата Љ.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничкиот центар Штип за укажување на лекарска помош, а со телесни повреди се здобил С.А.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.        

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2020 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега