Забрчанец: Конечно во македонското општество точните информации се шират побрзо и помасовно од лажните

 

Посебниот советник во Владата, Марјан Забрчанец преку социјалната мрежа Фејсбук напиша дека имаме совесни граѓани и после подолго време точните вести се шират побрзо од лажните.

„Огромен придонес во дневното темелно и масовно информирање на јавноста во врска со коронавирусот имаат токму граѓаните. Имаме граѓанство кое уште еднаш покажува дека може да биде на највисоко ниво на одговорноста и да учествува во оваа заедничка, општествена, национална борба за здравјето на секој од нас.

Покрај институциите и медиумите, токму граѓаните се тие кои преку социјалните мрежи, преку личните контакти и преку "word of mouth" ги преземаат точните и релевантни информации, ги репродуцираат или шират со цел мерките и препораките за превенција и санација да стигнат до секого.

Можеби е реткост, но факт е дека конечно во македонското општество точните информации се шират побрзо и помасовно од лажните.

Токму граѓаните се тие кои први им свртеа грб на лажните вести. Граѓаните ги препознаа и ги одбија дезинформациите и дадоа целосна поддршка на институциите кои секојдневно имаат директна и постојана комуникација со јавноста.

Ова е време на загриженост, криза и страв, а нашите граѓани трезвено и рационално не дозволуваат оваа криза да премине во паника. Имаме уште многу во борбата пред нас, но со посветеност, претпазливост и со здружени сили на институциите и на граѓанството, ќе го спасиме нашето општество од фатални последици и ќе се кренеме уште посилни во нови предизвици.

Благодарност до сите граѓани кои имаат активна улога во споделувањето на информациите кои ги емитуваат институциите со цел заштита на јавното здравје“ напуша Забрчанец.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2020 - 08:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега