Ѓорѓиевски: ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше да се пристапи сериозно, власта не нѐ послуша

 

На денешниот „Live chat“ на ВМРО-ДПМНЕ организиран под мотото „Затоа што секој живот вреди“ гостуваше членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ како партија уште пред да се појави првото заболено лице повика да се пристапи сериозно кон ситуацијата за да се превенираат штетните последиците по здравјето на граѓаните како и штетните последици врз македонската економија.

Ние денес сме втора држава по број на заболени од корона вирусот според број на жители на Балканот, посочи тој.

Ѓорѓиевски потенцираше дека граѓаните можат да забележат дека работата на министерот за здравство, Венко Филипче се сведува на портпарол на министерството кој единствено констатира состојба за бројот на заболени во државата. Додека тој се занимава со скап ПР посочи тој, здравствените работници бараат помош од граѓаните обвинувајќи дека ги немаат основните средства за работа.

-Ние пред некој ден бевме сведоци како една докторка јавно соопштува и барам помош од граѓаните на Република Македонија  и го соопштува моментот дека се соочуваат со недостаток на ракавици и на маски. Значи луѓето кои се изложени и се најповикани во прва борбена линија да не заштитат нас граѓаните на Република Македонија се соочуваат со проблем да нивниот претпоставен, министерот, најповиканиот во оваа ситуација се занимава со сопствени ПР, не се грижи за сите заштитни материјали кои им се потребни на докторите и тие самите се снаоѓаат во тој дел, вели Ѓорѓиевски.                                                        

Ѓорѓиевски посочи дека од друга страна граѓаните можат да забележат како функционира министерството за внатрешни работи без никакви проблеми, предводено од Наќе Чулев кое во моментов е задолжено за спроведување на полицискиот час и следењена повеќе од 10 илјади решенија за самоизолација.  

-Како што е товарот врз здравствените работници изминатиов период исто така товарот паѓа и врз министерството за внатрешни работи. МВР во моментов е во состојба каде на дневна основа опсервира 10 илјади домови ширум Република Македонија. Тоа се домови во кои живеат потенцијално заразени лица и тие се два пати во денот проверувани од страна на припадниците на МВР, вели тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 18:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега