Тринаесет лица од Струмица, Радовиш, Валандово и Гевгелија не ја почитувале наредбата за полициски час

 На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица синоќа 13 граѓани ги прекршиле прописите и наредбите предвидени од страна на Владата и Министерството за здравство за време на епидемија, односно го прекршиле полицискиот час со предвидените забрани за движење во определен период, информираа попладнево од СВР-Струмица.

– Седум од овие лица се затекнати на подрачјето на Полициската станица Струмица, три на подрачјето на Валандово, две на подрачјето на Гевгелија и едно на подрачјето на Радовиш, а во просториите на полициските станици се приведени три лица, стои во информацијата од струмичката полиција.

Додаваат дека до надлежните обвинителства вчера се поднесени и седум кривични пријави против 11 лица кои во претходните денови го прекршиле полицискиот час, од кои четири пријави против шест лица се поднесени до Основно јавно обвинителство Радовиш, две пријави до ОЈО Валандово и една до ОЈО Гевгелија. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 17:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега