Алијанса за Албанците: Надлежните да преземат конкретни мерки во затворите

 

Бидејќи нашата држава е во вонредна состојба и се бори против коронавирусот, речиси ро ги заборавивме затворениците. Друго место каде што би можело да има смртоносен излив не значи дека мора да биде еден крстаречки брод, една конференција ниту, пак, едно училиште, тоа може да се случи во кој било од затворите во земјата, велат од Алијанса за Албанците.

„Ги повикуваме надлежните органи и тела да преземат конкретни мерки во затворите: привремено да се ослободат затворениците, контрола и тестирање на сите затвореници, подобрување и одржување на соодветна хигиена на затворениците и вработените во затворите и откажување на сите активности, програми и посети, заменувајќи ги со видеоразговори и телефонски разговори секогаш кога е можно“, велат од партијата.

Од АА наведуваат дека во затвор многу луѓе може да бидат сместени во една ќелија, затворските сали за собир се тесни и дека нема простор за физичко растојание или, пак, простор за почитување на другите препораки за спречување на ширењето на вирусот.

„Една инфекција во еден затвор може да го оптовари здравствениот систем, бидејќи стотици луѓе можеби имаат потреба од медицинска нега што самите затвори не можат да ја обезбедат. Не смееме да заборавиме дека затворениците се луѓе, родители и имаат семејство и тие имаат права и заслужуваат еднаков третман во овој период на пандемија. Ваквата појава не само што може да зарази стотици луѓе во затворот, туку потенцијално би можело да го шири вирусот и до казнено-поправниот персонал“, велат од Алијанса за Албанците.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега