Глас за Македонија бара итни мерки за помош на производителите на храна и на занаетите
„Кога се зборува за штетите кои настануваат од пандемијата со корона вирус, се заборава на следните гранки: Производството на храна, земјоделци и сточари.
На сите ни е јасно дека кризата со повремено повлекување ќе трае најмалку 18 месеци до дистрибуирање на евентуалната вакцина. Затоа, треба веднаш да се започне со стратегија на производство на наши производи. Сите сме согласни дека треба секогаш кога е можно да купуваме македонски производи. Но, никој не кажува дали ги има и под кои услови е тоа можно“, велат од Глас за Македонија.
Од партијата Глас за Македонија предлага секое необработено парче земја да се понуди бесплатно на оние кои сакаат и знаат да произведат земјоделски производи. Макар и за свои потреби. На сите сточари и земјоделци, млеко производители, откупот треба да им е гарантиран. Ѓубривата, сточната храна, вакцините за стоката треба да се ослободат од давачки. На оние кои за прв пат ќе произведуваат, да им се обезбедат и бесплатни расади и семенски материјал.
„Втора категорија на длабоко оштетени се речиси сите занаети како фризери, шнајдери, козметичари, чевлари и сл. Глас за Македонија предлага мерките кои се предвидуваат за угостителството, трговските фирми, да важат и за овие категории. Впрочем, нашата економија во 90% се темели на мали и средни претпријатија. Мораме да ги одржиме и да ги заштитиме колку што е можно повеќе на сметка на непродуктивни трошења на габаритниот државен апарат.
Ја охрабруваме техничката влада, што побргу да излезе со комплетниот сет на мерки за одржување на стопанството. Исто така замолуваме да нема разногласие во понудените мерки, поради евтини партиски поени. Мерките се производ на композитна влада и секоја треба да е резултат на договор, а не на популизмот на кој упорно работат партиските штабови. Крајно време е да се слушаат советите на стручните луѓе и крајно време е погледот од изборите да се насочи кон крајно тешката состојба.
Глас за Македонија будно ги следи состојбите и ќе реагира со конструктивни предлози во насока пред се на заштита на здравјето на луѓето, а потоа и на санирање на економијата“, соопштуваат од Глас за Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа