Трипуновски: Имаме обврска кон нашата економија, купувајте македонски производи

 

Квалитетот на македонската храна е признаен насекаде низ светот. Нашите производи децении наназад ги добиваат првите места на светските саеми, затоа што се најдобри, истакнува во своето видео обраќање Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Во овие тешки времиња за економијата, за македонското стопанство, кога пазарите во странство се затвораат, имаме обврска кон нашата економија, нашите земјоделци, да купуваме македонски производи. Така ќе зачуваме поголем број на работни места, така ќе спасиме цели семејства кои што работат во македонските фабрики и на македонските ниви. Земјоделецот кој со векови ја храни оваа земја тоа го заслужил. Апелирам земјоделците во оваа кризна година да произведат повеќе храна, а до сите останати граѓани, наместо да купуваме странски производи, да го купиме тоа што е произведено на македонските ниви и во македонските фабрики, вели Трипуновски.

Тој апелира до граѓаните да купуваат македонски производи. За да има повеќе за секого во Македонија. Купувајте македонски производи. Затоа што ја сакаме Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега