ВМРО-ДПМНЕ: Македонија поради СДСМ е меѓу најкорумпираните земји со разорен систем кој не може да одговори на предизвиците
Европската Унија одлучи да не ја казни Македонија заради неспособноста и криминалот на Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција на соопштението на СДСМ.
Од партијата реагираат и велат дека Европската Унија не гледа закана во него, дека може да продолжи со криминализација, откако ја напушти премиерската функција.
„Неспособноста и неодговорноста на Заев се гледа и во време на пандемијата кога неговите функционери ја злоупотребуваат службената положба и се расфрлаат со пари на граѓаните за ручеци и патувања.
Системот крахира, бројот на заболени и починати постојано се мултиплицира, а Заев и неговите соработници гледаат да приграбат што е можно повеќе.
Докторите и медицинскиот персонал работи без соодветна заштита, а Заев и функционерите на СДСМ се расфрлаат со народни пари и предлагаат да им ги симнат платите на работниците.
СДСМ не е заслужно за позитивната одлука на Советот на министри на Европската Унија.
Македонија поради СДСМ единствено блеска на негативните листи кои ја рангираат како земја меѓу најкорумпираните и најкриминалните во Европа.
Што се однесува за Европската Унија, по изборите граѓаните можат да бидат сигурни дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја стави Република Македонија на брза трака на реформи и ќе направи прогрес кој ќе биде препознаен од европските партнери“ стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа