Не седеле во своите домови: Шест лица од Македонија не почитувале задолжителна самоизолација

Шест лица од земјава добиле кривична пријава за поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информира МВР.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривични пријави против М.С.(27), И.Д.(32), С.А.(21), сите од Свети Николе и С.Ѓ. (19) од с.Немањици, Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.03.2020, М.С. и И.Д. не постапиле според писмената наредба издадена од страна на Министерството за здравство и потпишаната изјава за задолжителна самоизолација од 17.03.2020, при остварен влез во Р.С.Македонија, односно при извршена проверка биле надвор од своите домови, додека С.А. и С.Ѓ. на 24.03.2020 не го испочитувале воведениот полициски час, ги напуштиле своите домови и со патничко возило „сузуки свифт“ биле пресретнати од полициски службеници и биле лишени од слобода.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против А.Г.(31) од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 18.03.2020 А.Г. остварил влез во Р.С.Македонија и се обврзал на задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена. На 19.03.2020 тој не се придржувал на изречените мерки, односно полициски службеници од Полициската станица Виница на магистралниот пат Кочани-Делчево сопреле и контролирале товарно возило „пежо“, управувано од пријавениот. 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.К.(32) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавениот, на 18.03.2020 остварил влез од Германија во Р.С.Македонија преку Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје и потпишал изјава за спроведување на задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена. На 20.03.2020 при извршена контрола од полициски службеници на адреса која била наведена во изјавата како место на кое ќе ја спроведувал самоизолацијата, тој не бил пронајден.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2020 - 16:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега