Гвардиола донираше милион евра за борба против коронавирусот

Шпанскиот тренер Пеп Гвардиола одлучи да му помогне на својот народ во тешките времиња.

Тој се одлучи да донира еден милион евра на Шпанија за државата да набави медицинска опрема со што ќе им помогне на граѓаните за време на пандемијата од Ковид-19.

Парите ги уплатил на една каталонска организација која со тие пари ќе купи респиратори, заштитна опрема како маски, очила, ракавици и други материјали.

Во моментот во Шпанија ситуацијата е многу лоша, заразени се над 28.000, а починаа речиси 2.000 луѓе.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.03.2020 - 22:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега