ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска троши милиони за ручеци, министрите не се откажуваат од своите плати, а граѓаните и бизнисот страдаат
ВМРО-ДПМНЕ објави „Факти кои го одбележаа денот“. Според партијата, министерката за одбрана Радмила Шекеринска потрошила 1 милион и 300 илјади денари за ручеци во услови кога лекарите немаат маски и ракавици.
1. Додека лекарите немаат маски и ракавици Шекеринска за само 4 дена потрошила 1 милион и 300 илјади денари за ручеци.
2. Министрите и функционерите на власта не прифаќаат да работат без пари за време на пандемијата.
3. Власта не реагираше навреме. Каматите на кредитите пораснаа за 2%. Државата ќе плати 2 милиони евра повеќе на секои 100 милиони кредит.
4. Власта и понатаму ги игнорира антикризните мерки. Решенијата на СДСМ се на штета на граѓаните и бизнисот.
5. За 4 дена најголема криза со Корона, власта потрошиле 8 милиони денари за патувања, репрезентации и ручеци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа