Заев: Донесена е одлука, Северна Македонија почнува преговори за членство во ЕУ

 

 

Донесена е одлука! Северна Македонија почнува преговори за членство во Европската Унија. Историска одлука во овие тешки времиња за нашиот народ, порача денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев на својот фејсбук профил.

Тој додаде дека нема веќе никакви пречки ниту услови. Европската Комисија, според него, треба да ги спроведе подготовките, а првата меѓувладина конференција ќе се одржи најбрзо што може.

-Честитки граѓани, како што успеавме да се кренеме на патот до НАТО и ЕУ, така заедно ќе се справиме и со заразата која го напаѓа светот, напиша Заев на фејбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.03.2020 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега