ВМРО-Народна предлага да се формира економски совет поради кризата предизвикана од коронавирусот

 

ВМРО-Народна партија соопшти дека со внимание ги следи сите предложени идеи на политичките партии од финансиско-економската област, кои, патем, ги предлагаат многу партиски лидери.

„Имаме чувство дека политичките партии се натпреваруваат во своите ирационални понуди само за да им се допаднат на граѓаните. Ако ги ставиме сите предлози и идеи на куп ќе мора државата уште утре да ја банкротираме и да ѝ го нанесеме најголемото зло“, се вели во соопштението.

Затоа ВМРО-Народна партија смета дека треба да се формира еден економски совет составен од клучни министри и секоја политичка партија да предложи по еден експерт со што ќе се излезе со заеднички предлог, а без многу популизам и себепромовирање при што мора крајно да се внимава на севкупниот македонски капацитет и да се спречи дестабилизација на буџетот. Само така ќе се донесат принципиелни мерки кои подеднакво ќе одговараат на што поширок слој на економски субјекти.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.03.2020 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега