Ѓорѓиевски: Купувајте македонски производи

 

Корона вирусот удри по здравјето, но удри и по економијата. Огромни се штетите на македонските компании, рече во своето обраќање, Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Оние компании каде што работиме ние, каде што работите вие, нашите блиски, соседи, семејствата, месечно губат десетици и стотици милиони евра. Заедничката борба со пандемијата мора да оди рака под рака и со борбата за зачувување и помагање на домашното стопанство. Да се однесуваме одговорно и совесно, да се однесуваме со љубов кон татковината, купувајте производи произведени во Република Македонија. Да ги помогнеме сите заедно македонските компании, да ги спасиме работните места. Едноставно е, купувајте македонски производи. Не само затоа што се најдобри, туку и за да си помогнеме самите на себеси, истакна тој.

Купувајте македонски производи, затоа што сите ја сакаме Македонија, додава Ѓорѓиевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.03.2020 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега