ВМРО-ДПМНЕ: Државата да ги ангажира сите капацитети за санирање на штетите од коронавирусот
Здравјето на граѓаните нема цена и властите мора да вложат максимални напори за да го спречат ширењето на епидемијата и последиците од неа, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Државата мора да ги ангажира сите капацитети за да ги санира здравствените и економските штети од заразата.
Зоран Заев не смее да прибегнува кон наједноставното и најболно решение, а тоа е да се удри по џебот на најсиромашните. Намалувањето на платите на работниците и сведувањето на целата администрација на минималец ќе значи дека едно четиричлено семејство кое и досега едвај врзувало крај со крај и не успеало да заштеди средства, сега нема да може ниту да се прехрани. Бpoјот на зaбoлeни од кopoнавирусот во Република Македонија постојано се зголемува, веќе имаме и прва жртва, а владата се занимава само со бркање политички поени преку празни прес конференции на кои не се нуди никаков излез или решение. ВМРО-ДПМНЕ и подава рака на власта, Македонија мора да излезе како победник во оваа најважна битка. Постои опасност дека сериозните слабости во системот ќе бидат потенцирани и токму поради оваа прчина мора брзо и ефикасно да се делува, бидејќи од реакцијата на институциите зависат животите на нашите граѓани. Здравствените работници се на првата линија на огнот, на нив им е потребна најголема заштита бидејќи доколку колабира здравствениот систем, постои опасност од италијанско сценарио во Македонија. Времетраењето на полицискиот час мора да се продолжи, најмалку од 18 часот за да се воведе ред. Мора да се зголеми капацитетот за тестирање на граѓаните за присуство на новиот коронавирус. препораките на СЗО за државите се токму во оваа насока, тестирај, тестирај, тестирај, истакнуваат од партијата.
Постои сериозна опасност од катастрофални економски последици како резултат на коронавирусот. македонската економија се движи на опасна територија, ниту еден македонски граѓани не смее да остане без приход. Борбата допрва ни претстои, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа