Законот за зелените пазари ќе го реши статусот на тезгаџиите

 

Итно да се донесе законот за трговија на зелените пазари, бараат организаторите на пазарите. Со тоа, велат, ќе се реши статусот на тезгаџиите, тие ќе се самовработат и ќе си го регулираат пензиското и здравственото осигурување. Воедно ќе се надмине проблемот со дивите продавачи кои не се во, туку најчесто надвор или околу пазарите.

- Зелените пазари се мотор за локалната економија и земјоделското претприемништво. Освен што овозможуваат продажба на свежа храна за разлика од маркетите кои главно нудат доработени и замрзнати производи, имаат и културно и туристичко значење, рече денеска претседателот на Групацијата за пазари при Стопанската комора Благој Дивитаров.

Согласно предлог законот, пазарџиите наместо лиценци, ќе добиваат решенија по принцип на регистрирање. Лицата, пак, кои произведуваат помали количини овошје и зеленчук во домашни услови, а вишокот го продаваат на пазарите, тоа ќе може и натаму да го прават, но со претходно склучени дневни договори за период од најмногу еден или два месеца. 

ФОТО:Дневник

најчитано сега