ДОМ: Само сериозен притисок врз Грција може да го реши спорот со името

Демократската обнова на Македонија изразува загриженост поради ќорсокакот во кој е доведена земјата без своја вина во пресрет на новата рунда разговори околу името во Њујорк, и по Извештајот на ЕК.

Според оваа партија, останува нејасно, како може Македонија да најде решение за спорот, кога по 20 години максимална конструктивност, отвореност и пријателство, од другата страна наидува само на политички и економски блокади, засновани на барањето ерга омнес, кое, велат, е невозможен и апсурден услов кој ниедна земја и ниеден народ не може да го прифати.

- Македонија има силен и недвосмислен интерес за излез од спорот, кој држи во заложништво 2 милиони македонски граѓани, за разлика од Грција, која тоа не го сака. Затоа, земајќи ги предвид сите околности, ДОМ смета дека овој апсурден спор може да се реши само со сериозен притисок врз Грција, во насока на почитување на меѓународното право, стандарди и принципи. Македонија својот удел во решението го одработува принципиелно досега, а ќе го одработи и во иднина, велат од ДОМ на денешната прес-конференција. 

19.10.2013 - 13:12

најчитано сега