Несреќа во Прилеп: Градежен работник паднал од скеле во кое удрил автомобил

 

Градежен работник се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од скелето на кое работел.

-Вчера во 10:50 часот било пријавено дека на ул.„Поп Аврамија“ во Прилеп, товарно возило „пежо боксер“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот Р.Ј. од Прилеп, при разминување со непознато возило со десниот ретровизор удрил во дрвена необележана талпа од скеле, која била надвор од оградниот sид, по што од скелето паднал градежниот работник 67-годишниот Т.Т. од Прилеп. Во незгодата Т.Т. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп - информира МВР. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.03.2020 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега