Заев: Се обединивме во голема мултиетничка победничка коалиција

 

 Најголемата предизборна коалиција до сега „Можеме“ препознава важност државата да продолжи по вистинскиот пат, тоа и ќе се случи. Нема враќање назад. Со ваква понуда и програма, надополнета со квалитетни персонални решенија секому му е јасно дека сме победници на 12 април. По победата продолжуваме на вистинскиот пат затоа што можеме уште повеќе, можеме уште подобро.

Ова го посочи претседателот на СДСМ Зоран Заев по потпишувањето договор за заеднички настап на предвремените парламентарни избори на 12 април со лидерите од партиите од Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ.

-Се обединивме во голема победничка коалиција „Можеме“ составена од претставници на сите етнички заедници: Македонци, Албанци, Роми, Срби, Турци, Власи, Бошњаци и Египќани што претставува нов напредок, нов повисок стандард во политички плурализам во нашата заедничка таковина. Обединети сме заедно во најголемата политичка коалиција околу она што е важно за граѓаните и иднината на државата – членство во НАТО и ЕУ, поголем економски раст, поголеми плати и пензии, грижа за сите, правда и правна држава со здрава и чиста животна средина, рече лидерот на СДСМ Заев.

Сите, потенцира, сме насочени кон реализација на овие прашања.

-Можеме уште подобро и уште повеќе. Тоа го потврдивме преку програмата која нуди реални остварливи и квалитетни решенија. Прв наш столб е економијата каде предвидуваме отворање 100 илјади нови работни места и невработеноста да падне под осум проценти до крајот на мандатот во 2024 година. Докажавме дека платите во сите сектори можат да раста постојано, но можат повеќе и побрзо. На изборите нудиме 300 евра минимална и 600 евра просечна плата, раст на пезниите од 21 отсто, минимална пензија од 10.800 денари. Сето тоа е остварливио и реално, зашто и досега покажавме дека платите и пензиите може да растат, а невработеноста да опаѓа, посочи Заев.

Влеговме во НАТО, додаде, а можеме и во ЕУ.

-Со челнството во НАТО имаме пазар вреден четири милијарди евра годишно. Со влегување во ЕУ достапни  се две милијарди евра од фондовите. Тоа се европски пари со кои ќе обезбедиме европски стадард тука, дома. Наскоро почнуваме преговори со ЕУ, ја европеизираме Северна Македонија и го трансформираме општеството. Се обврзуваме до 2024 година да отвориме 80 проценти од поглавјата во за  ЕУ, нагласи Заев.

Во одговор на прашање рече дека не гледа можност да се одложат изборите и оти тоа не е добро. Целта на утрешната лидерска средба кај премиерот Спасовски, како што кажа, е лидерите на поголемите политички партии да разговараат околу модалитетите на кампањата, каков вид кампања е дозволена и што е пропорачливо за да можат партиите да ги промовираат нивните програми, кандидати и визии, а при тоа да се испочитуваат сите државни задолженија и препораки за заштита од корона вирусот.

-Можеби корона вирусот ќе не стави во позиција да користиме некој поинаков вид кампања. Електронските медиуми и интернет можностите ни се на располагање. Верувам дека ќе допреме до граѓаните. Важно е да не чујат за да гласаат. Важно е граѓаните да излезат и да гласаат, бидејќи успешноста на изборите не е иста дали ќе гласаат 45 отсто или 75 отсто од граѓаните, посочи Заев. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.03.2020 - 20:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега