Николоски: Ќе го победам Заев дома, а потоа следи одговорност и тоа треба да го знае
Тргнуваме оттука и запирање нема. Победуваме! За мене е огромна чест да стојат тука пред вас. Во избори сум од 2004 година и најубавите години ги поминав во ВМРО-ДПМНЕ. Тие години не се залудно потрошени. Тие години сега треба да ја добијат својата круна. Да ја направиме Македонија нормално пристојно место за живеење, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната конвенција на партијата и додаде:
„На крајот на 2017 година кога професорот Мицкоски ме покани да бидам негов потпретседател и дел од неговиот тим си ветивме дека прво ќе ја реформираме партијата, а потоа ќе ја реформираме Македонија. Ќе ја направиме нормално пристојно место за живеење. Еве не нешто повеќе од две години подоцна со реформирано ВМРО-ДПМНЕ, како што велиме нови луѓе за нови времиња со почит према сите оние кои што оставија трага во партијата и во државата. Тие нови времиња после 12 Април ги носиме во Македонија заедно со новиот премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски.“
-Јас ја имам таа обврска да ја предводат листата во 4та изборната единица и тука сакам нешто да ви ветам: „Ќе го победиме Зоран Заев дома, затоа што победите на гостински терен се најслатки“. Ја очекувам вашата поддршка и вашата помош. И сакам нешто да кажам: „Постојат малце политичари во Македонија и досега еден кој што рекол: Јас ќе бидам премиер, и или ќе победиме заедно и ќе бидам премиер или не се кријам позади мандатот. Тоа е доблеста на Христијан Мицкоски со кој што заедно во 4 изборна единица и во Македонија ќе го победиме Зоран Заев“. Пријатели зборуваат за Европската Унија, а јас сум водел една од институциите во таа Европа. Зборуваат за Европа, а таму не знам кога отишле, а јас знам дека 2 години бев гордо потпретседател на Парламентарното Собрание во Советот на Европа, подвлече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и посочи:
„Зборуваат за Европа и за НАТО, а нашите дедовци лежеа по затвори за прозападна ориентација на Македонија, додека нивните од комунистичката партија ги затвараа. Зборуваат за прозападни вредности, а Македонија ја направија Казабланка и затоа сакам нешто да кажам. Со Зоран Заев ќе се натпреваруваме во 4 изборна единица и во Македонија со програма, со концепти, со луѓе. Тоа ќе е до 12, а после 12 април правдата во Македонија ќе дојде и Зоран Заев ќе одговара. Сакам оттука да му порачам дека ќе одговара за сите криминали и злодела кои што ги направи во овие години власт во Македонија, ќе одговара. Слушам зборува овој или оној ќе му направел влада, па сега зборува дека овој или оној ќе го спасел. Би сакал нешто да му кажам, на вратите на кои што тропа, јас сум бил внатре. Таму каде што тој мисли дека ќе оди, јас сум бил и знам многу добро криминалци и корумпирани таму во друштво не сакаат. Напротив бараат да одговараат и затоа спас му нема.“
-Зоран Заев после 12 април ќе одговараш, јас ти гарантирам, ВМРО-ДПМНЕ ти гарантира, Македонија ти гарантира. Во 4 изборна единица ќе го направиме она што Зоран Заев не го направи дури ни за дома. Јас не знам како не се нервира кога си оди во Струмица и кога го гледа патот застанат од Штип према Радовиш, камен не се става, ништо не се става. Затоа ќе го довршиме експресниот пат и ќе го продолжиме до Струмица, Ново Село, Василево, Босилево и до границата со Република Бугарија. Ќе изградиме експресен пат кој што ќе го поврзе и Штип со Радовиш и секако ќе го изградиме автопатот кој што ќе ја поврзе централна Македонија со западна Македонија, автопатот во Велес, Прилеп и до Битола. Тоа значи развој за југоистокот, тоа значи повеќе работни места, тоа значи повеќе млади да останат тука заедно со нас во Македонија, изјави Николоски и додаде:
„Во Прилеп, Струмица, Кавадарци, Неготино, Радовиш, Гевгелија, Валандово, Дојран, Богданци, Демир Капија, Ново Село, Могила, Босилово, Василево и Конче заедно ќе ја започнеме обновата. Таа е обнова која што ни е потребна на сите нас. Таа е обнова која што ќе значи повеќе луѓе да останат тука во Македонија за заеднички да ја градиме. Ќе се гледаме низ селата, градовите, ќе се гледаме заедно со луѓето затоа што ни сме дел од народот. Македонци, Турци, Власи, Роми,Срби, Бошњаци, сите заедно обединети во ова голема коалиција „Обнова на Македонија“ да победиме на 12 Април и да ставиме крај на злото. До 12 Април работа, после 12 април одговорност за секој кој што се огрешил пред законот. Да живее ВМРО-ДПМНЕ! Да живее Република Македонија! Да сте живи и здрави!“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа