Јанушев: Секој почеток има свој крај, а крајот на СДСМ веќе се гледа
Една земја е успешна, колку што нејзиниот народ е среќен. Жалам што мора да кажам дека Македонија никогаш не била понеуспешна, а народот понесреќен а причината за тоа е овој хибриден режим на оваа криминално рекетарска банда на власт и таа има свое име и презиме а тоа е Зоран Заев, истакна носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 3, Игор Јанушев на вечерашниот Конгрес на партијата.
Според него, власта ја убила секоја надеж на граѓанинот и создала чувство на апатија поради изневерените очекувања, поразите и неуспесите.
- Резултатот на тоа се десетици автобуси кои неделно заминуваат од Делчево, Кочани, Штип, Велес, но и Битола, Тетово, Куманово Скопје. Заминуваат од државата која забрзано се празни. Се празнат селата и градовите во нашата Македонија. За тоа виновен е Заев и неговите погубни политики, особено во оние во Луј Витон судството, а кога сме тука, тука го имаме најдобриот тандем, тандемот Зоран Заев и Катица Јанева. Пред 4 години ветуваа живот, а донесоа пустош. Се сеќавате носеа чевли пред владата, ветуваа ќе ги врателе младите, а што добивме, добивме невиден егзодус, бела чума и масовно отселување. Што фатија, исушија. Се дограбаа до власт и почнаа да работат само на свое лично богатење, рече Јанушев.
Вели дека секој почеток има свој крај, а крајот на СДСМ веќе се гледа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа