Заев на средба со Ветингтон од ИРИ: Процесот на интеграција и реформи продолжува уште позасилено

 
Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска се сретна со членот на Бордот на директори на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) Олин Ветингтон.
 
На средбата се разговараше за повеќе клучни теми на домашен и меѓународен план, процесот на интеграции во ЕУ и НАТО, транспарентноста на институциите и реформскиот процес.
 
 Заев му се заблагодари на поддршката што ИРИ, но и САД континуирано ја даваат на Република Македонија во градењето на силни демократски капацитети.
 
- Од независноста па до сега, САД како стратешки партнер низ различни инструменти и начини дава силна поддршка во демократизацијата и развојот на македонското општество.  Со својот ангажман ИРИ позитивно влијае на подигнувањето и зајакнувањето на демократските капацитети во Северна Македонија. Во изминатите две и пол години, нашето општество, нашите институции се менуваат на подобро. За тоа имаме и меѓународно признание во Извештајот на Европската комисија која нотира напредок во реформите во судството, безбедносниот систем и јавната администрација, порача претседателот Заев.
 
Осврнувајќи се на меѓународните односи, претседателот Заев потенцира дека државата сега е цврсто поставена на интеграцискиот пат, повеќе нема отворени прашања со ниту еден од соседите, членството во НАТО е извесно а очекуван е и брз почеток на преговорите со ЕУ.
 
Во однос на предвремените избори, Заев порача дека на нив граѓаните ќе потврдат дека се за напредокот и интеграциите да продолжат уште позасилено и ќе застанат зад концептот на соработка, развој и интеграција што го нуди СДСМ.
 
Членот на Бордот на директори на ИРИ, Ветингтон на претседателот Заев му честиташе за досега постигнатите успеси, додавајќи дека ИРИ останува посветен пријател, поддржувач и партнер на Република Македонија особено во делот на доброто владеење, унапредување на транспарентноста и развој на институциите.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.03.2020 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега