Бишевац: Со ВМРО-ДПМНЕ имаме исти ставови за обновата на Македонија

 

Сафет Бишевац откако синоќа се најде на пратеничката листа во Изборната единица 1 како номиниран од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за „Фактор“ вели дека генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, не ја зборува вистината кога изутринава тврдеше дека барал да биде пратеник од редовите на владеачката партија.

- Николовски не ја зборува вистината, бидејќи јас имав понуда да работам во Центарот за комуникации на СДСМ, иако ја одбив бидејќи имам сосема поинакви ставови и гледишта за начинот на нивното владеење, вели Бишевац, кој синоќа беше во центарот на вниманието на социјалните мрежи како личност која „го променила партискиот дрес“, додека во спротивна насока заминале Панчо Минов и Зекир Рамчиловиќ.

Тврди дека со најголемата опозициска партија делат исти ставови за, како што вели тој, обновата на Македонија.

- Заеднички гледишта кои ги имам со ВМРО-ДПМНЕ се пред се заложбата за обнова на државниот систем, за кој сметам дека е руниниран во последните три години и дека секој треба да помогне во истото без разлика од кои национални и други групи доаѓа, вели Бишевац.

Со оглед на тоа што е на 9.позиција како кандидат за пратеник од ИЕ1 неизвесни се шансите дали по 12 април ќе се најде во новиот парламентарен состав.

- Јас сум повикан да помогнам како докажан интелектуалец и не е важно што ќе се случува на 12 април, туку што следува понатаму откако ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт, смета кандидатот за пратеник.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.03.2020 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега