Кузеска: Извршителот Мицкоски од кај бегалецот Груевски се врати со листа која нуди обнова на режим
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска изјави дека јавноста видела какви листи му спремил Никола Груевски на својот извршител Христијан Мицкоски само еден ден пред партискиот состанок на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа истакна дека ништо не е променето во кандидатските листи од времето на како што кажаа таа „груевистичко- режимска кадровска политика“ кој според неа нуди обнова на режимот и враќање назад, ништо повеќе.
„Антонио Милошоски, Игор Јанушев, Владо Мисајловски, Александар Николовски и уште многу други. Олицетворение на режим, неспособност, криминал, корупцијата, изолација, лажни вести. Кандидатите како Сиљановска Давкова или Дурловски се сејачи на омраза и поттикнувачи на поделби. Таква е понудата на ВМРО ДПМНЕ на листите со овие истрошени и стари режимски кадри на Никола Груевски кои извршителот Мицкоски со двете раце ги прифати, а отиде дури и до Будимпешта за тоа. Затоа Христијан Мицкоски избега од директно изборно соочување со претседателот Заев и не се кандидираше на престојните паралментарни избори. Потврди дека се плаши од Зоран Заев и дека е свесен за изборниот пораз на 12-ти април“, рече Кузеска.
Според неа, на овие избори, ќе се судрат два концепти и две политички понуди.
Едниот предводен од ВМРО-ДПМНЕ и извшителот Мицкоски кој е концепт на минатото и кој носи враќање назад, изолација, криминал и корупција, а вториот е предводен од СДСМ и Зоран Заев кој е концепт на сигурна иднина и носи стабилност, повеќе пари, поголеми плати, правда, интеграција во ЕУ и уште поголем и уште побрз напредок.
„Граѓаните не сакаат враќање назад, не сакаат изолација, неправда, криминал и корупција. Граѓаните се за концепот на СДСМ кој води напред и обезбедува европска иднина. Затоа, извршителот Мицкоски може да бега од изборните листи, но од поразот на 12 април не може да побегне. На 12 април Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги чека силен пораз од граѓаните“, додаде портпаролката на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа