Андоновска: Неспособноста на Филипче не смее да се плаќа со здравјето на граѓаните

 

Ситуацијата со корона вирусот на владата и Филипче им излегува од контрола. Се зголемува бројката на лица кои се носители на вирусот. Во изолација се и деца. ВМРО-ДПМНЕ алармираше дека мерките требаше да се преземат пред повеќе од две недели, реагира Марија Андоновска  од ВМРО-ДПМНЕ.

-Сепак добро е што власта во вака сериозен момент, иако со задоцнување од половина месец, кога е загрозено здравјето на граѓаните има слух за дел од она што го кажувавме и предлагавме.         Мерките предложени од пред половина месец, како и мерките од синоќешното вонредно заседание на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, а кои бараат мултидисциплинарен пристап, денеска ги слушнавме и официјално на прес конференција на министерот. Добро е што се стартува со заштита на најмладата популација, со тоа што следи распуст за децата од предучилишна и училишна возраст која ја предложивме како комисија. По не знам кој пат бараме да се зголеми контролата на граничните премини, да се употреба мерка карантин за сите оние кои што доаѓаат од веќе прогласените критични земји. И воедно министерот за здравство да ја исполни својата обврска и да достави до сите здравствени установи како и примарното така и од секундарното и од терцијалното здравство, заштитна опрема и средства за дезинфекција за здравствениот персонал, истакна таа.

Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат институциите овој пат да покажат дека се над ситуацијата и доследно да ги почитуваат мерките.

-Остануваме будно да ја следиме алармантната состојба и ги нудиме нашите капацитети во надминување на предизвиците со овој опасен вирус. Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ ја ставаме на располагање.  Апелираме, на разумно и професионално однесување на надлежните институции, неспособноста на надлежните и Филипче не смее да се плаќа со здравјето на граѓаните, истакна таа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.03.2020 - 16:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега